
февруари 28, 2024
ДЕБАТЕН КЛУБ
На 26.02.2024, започна со работа младинскиот дебатен клуб во Црвен крст Охрид .
Клубот се формираше на иницијатива на волонтерката од Мировниот корпус којашто работи во Црвен крст Охрид, Danielle Hamilton, како и младите волонтери Дарио Транталовски и Методија Стојаноски.
Состаноците на дебатниот клуб ќе се одржуваат на секои 2 недели во просториите на Црвен крст Охрид. Членовите на Клубот ќе имаат можност да дебатираат на различни теми, да ги применуваат и да ги јакнат своите вештини за аргументирање и за критичко размислување, како и да стекнат нови способности. Им посакуваме успешна работа .





