декември 27, 2022

ДЕБАТА ЗА ВОЛОНТЕРСТВО 

На редовниот состанок на Клубот на млади минатата среда, по повод Светски ден на волонтеризмот кој се одбележа на 5 декември се одржа младинска дебата за волонтерство со претставници од повеќе младински организации од нашиот град .
 
Младите имаа можност да ги слушнат ставовите на дебатерите во однос на тоа дали неформалното образование треба да биде задолжително и зошто, но и да одлучат кој тим има подобри аргументи и да споделат свое мислење.
 
Идејата за дебата со волонтерите од Клубот на млади се покажа како можност за анализирање на нивните ставови, но и потенцирање на значењето на темата во нашето општество.
Се заблагодаруваме на сите претставници и организации кои учествуваа на оваа дебата.
 
< врати се назад