септември 13, 2018

Даруваме радост на првачињата

Традиционално и оваа година волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид ја организираа хуманитарната акција „Даруваме радост за првачињата“ која имаше за цел да се собира училишен прибор или финансиски средства со кои се набави училишен прибор за првачињата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.

На 12.09.на 100-тина првачиња во основните училишта во општините Охрид и Дебрца, им беа доделени пакети со училишен прибор обезбедени преку хуманитарни акции реализирани во изминатиот период. Средствата беа собрани со купување вредносни талончиња од младите на Општинска организација Охрид, а се донираше училишен прибор и во кутии за донации поставени за оваа намена во книжарниците и маркетите во Охрид како и во просториите на Општинска организација Охрид .

Наставниците и менаџментот од училиштата изразија голема благодарност за хуманиот гест со кој им се помага на децата чии родители не се во можност да им набават прибор на своите деца.

< врати се назад