Даруваме радост на првачињата
Традиционално и оваа година волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид организира хуманитарната акција „Даруваме радост за првачињата“ која имаше за цел да се собира училишен прибор или финансиски средства со кои ќе се набави училишен прибор за првачињата од социјално загрозените семејства од Охрид и Дебрца.
Хуманоста на Охрид и Црвен Крст го осветли патот на едукацијата на малите првачиња од социјално загрозени семејства. На ден 19.09 беа доделени вкупно 60 училишни пакетчиња во основните училишта во Охрид и Дебрца.
Училиштата изразија благодарност за хуманиот гест со кој им се помага на дечињата чии родители не се во можност да набават училишен прибор.
Акцијата „Даруваме радост на првачињата“ младите волонтерите од Клубот на млади при Општинска организација Охрид ја реализираа со средства собрани со свирење и пеење на плоштад и со поставени кутии за донација на прибор во сите книжари како и во просториите на Општинска организација Охрид. Голема благодарност изразуваме до Никола Буџакоски и Michael Sommersperge кои во соработка со „Културолошка Иницијатива 5 до 12“ од настанот „Академија на Хуманоста” донираа средства за 20 прибори.