ноември 2, 2021

Црвен крст со едукативна кампања за да се спречи ширењето на Ковид-19 во училиштата

Волонтерите од Црвен крст Охрид  дистрибуираа едукативно информативни флаери во основните и средните училишта во Општина Охрид и Дебрца кои се со тема „ Да ги зачуваме училиштата безбедни, со цел да се спречи ширење на Ковид-19 меѓу учениците“.

 

 

Флаерите кои се наменети за учениците во основните и средните училишта во државава ги изработи Црвениот крст на Република Северна Mакедонија во соработка со Институтот за јавно здравје на РСМ и регионалната кацеларија на СЗО за Европа, а во рамките на проектот за градење на механизми за зголемување на капацитети за следење и комуникација за КОВИД-19 во Македонија.

< врати се назад