
јули 21, 2023
Црвен крст Охрид продолжува да дистрибуира материјали со препораки за заштита на здравјето во услови на топлотен бран
Црвен крст Охрид продолжува да дистрибуира материјали со препораки за заштита на здравјето во услови на топлотен бран.
Деновиве, во дистрибуцијата на едукативните материјали за заштита од топлотен бран се вклучија и нашите спасители на вода кои им делеа такви материјали на посетителите на охридските базени и плажи.
Исто така, во соработка со полициски службеници од езерската полиција, материјали со совети за заштита од топлото време им беа поделени на граѓани во пловни објекти.
Заедничката акција на Црвен крст и езерската полиција ќе продолжи во текот на претстојните викенди









