јуни 2, 2025

COFFEE & TALKS

Coffee & Talks” е една од многуте традиционални активности што ги релизира Клубот на млади при Црвен крст Охрид. Овој пат на тема: Основи во психолошка прва помош.

Работилницата беше одржана во едукативниот центар на Црвен крст Охрид во село Велестово на која присуствуваа 20 волонтери на Клубот на млади, фасилитатор на истата беше м-р Катерина Наумоска.

Менталното здравје кај младите ја сметаме како една многу важна тема за која треба отворено да се дискутира. Отворената дискусија ја руши стигмата, охрабрува поддршка и придонесува кон здрава, емпатична и посилна заедница.

Нема здравје – Без ментално здравје.

< врати се назад