септември 29, 2022

ЦКА – ПХВ РЕЗУЛТАТИ 2022

Во текот на изминатиот викенд 22 искусни ПХВ инструктори во Струга учествуваа на подготвителна работилница на која ги прегледаа овогодинешните 120 мали проекти изработени од ПХВ младинците од 33 ООЦК од територијата на целата држава.
 
Според резултатите, дури 80 проекти беа оценети со највисока фаза 5, а 17 од нив беа оценети со СОНЦЕ, проекти кои имаат долгорочен ефект во заедницата или врз целната група на проектот.
 
ПХВ младинците од Охрид се здобија со дури три проекти оценети со сонце, и според вкупниот преглед, со првото место и пехарот на национално ниво.
 
 Резултатите ги соопштија ПХВ инструкторите од Црвен крст Охрид на редовниот состанок на клубот на млади вчера, на кој освен младинците, менторите и дисеминаторите учествуваа и претседателот и секретарот на Црвен крст Охрид, но секако и волонтерите на клубот и останати истакнати дејци од нашата општинска организација.
 
Моментите на среќа, еуфорија, и неизвесност , пропратени со многу солзи радосници беа само почеток на крајот на уште еден успешен ПХВ циклус. Завршната церемонија на која што ќе биде доделен и пехарот ќе се оддржи на 17.10. токму во Охрид.
 
Се заблагодаруваме уште еднаш на младинците за нивниот труд и насмевките и промените кои ги предизвикаа во општеството, на менторите и дисеминаторите за нивната неизмерна поддршка и помошта во текот на целиот циклус, но и на стручната служба и раководството на Црвен крст Охрид, помагателите и донаторите без кои овие проекти немаше да го имаат посакуваниот ефект во нашиот град.
 
 
 
 
 
   
 
   
 
< врати се назад