ЦКА ПХВ програма – пехар за 2019 година
„Црвен крст во акција–Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) програмата од циклусот 2019 заврши. Од вкупно 150 проекти изработени од организации на Црвен крст во целата држава, нјабројни, најуспешни и оценети со највисоки оценки беа шесте проекти кои ги изработија 40 млади волонтери на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Охрид со кои помогнаа на повеќе од 100 лица од ранливата категорија на граѓани од Охрид.
Највисокото признание Пехарот за 2019 година за ПХВ програмата оваа година ќе му биде доделен на Општинска организација Охрид на свеченост која се реализираше на 20 јуни 2019 (четврток) во 12 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и на која присуствуваше раководството на Црвен крст на Р. Македонија, на општински организации од целата држава, претставници на Општина Охрид и други гости.
„Црвен крст во акција–Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) е програма која веќе дваесетта година се имплементира во Македонија од страна на организациите на Црвениот крст. Целта е вклучување на младите во заеднички проекти за изградба на взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество.