март 15, 2022

ЦКА-ПХВ повторно се враќа во општинските организации

➡️ПХВ е национална програма која веќе 26 години се имплементира во Македонија и им нуди на младите можност да се надоградуваат себеси и да прават проекти кои се во корист на заедницата.
❤Црвен крст Охрид со години е дел од ПХВ фамилијата и секоја година правел проекти кои до денес се паметат!
👉Затоа ги предизвикуваме ПХВ младинците од минатите години да го споделат своето искуство од програмата. Јас и Ljubica Jovanoska a ги поттикнуваме Riste Lekoski , Anja Karali и Hristijan Jankulovski накратко да кажат како си поминале низ ПХВ циклусот и секој од нив да номинира уште двајца ПХВ младинци кои ќе го направат истото! Така, сите заедно ќе го шириме ланецот на ПХВ спомените! 🤗❤
Подолу сите заинтересирани може да ја потполноте апликацијата доколку сакате да сте дел од оваа програма и на следното видео може да дознаете многу повеќе за ПХВ циклусот!
⬇️
 
 
Hristijan Jankulovski
Пред се благодарам за номинацијата. ПХВ програмата е време и моменти поминати пред се продуктивно и корисно а доживувањата навистина не можат да се опишат со ниту еден збор. Навистина е тешко да се издвојат моментите доживеани за време на ПХВ, бидејќи секој момент, секоја случка, секоја дури можеби и најмала ситница си има своја тежина. Еве јас накратко би кажал за мојата ПХВ група “Пчелички” и нашата целна група, баба Илинка која нажалост веќе не е меѓу нас. Баба илинка беше жена заборавена од својата фамилија, оставена сама на милост и немилост во с. Лакочереј во една трошна куќа до која имаше тежок пристап, односно неасвалтиран и каллив пат. Боледуваше од карцином, имаше висок притисок, шеќер во крвта и што уште не.. Јас и мојата група кога слушнавме за нејзината состојба едногласно кажавме дека токму таа е онаа вистинската која според нас заслужува најубаво да го помине остатокот од нејзиниот живот. Кога отидовме кај неа, кога не виде уште на самата врата нас волонтерите не нарече мои деца. Беше пресреќна. Распишавме петиција, собиравме потписи од сите жители на селото, имавме состаноци со месната заедница, со градоначалникот на општина Охрид, собиравме материјали за реновирање на нејзиниот дом, снабдувавме храна, ја чистевме нејзината куќа, игравме, се забавувавме со неа и што уште не… Луѓе, навистина овие моменти не можат да се опишат со зборови, таа среќа, таа тимска работа, тоа чувство кога помагаш некому и кога знаеш дека со тоа светот го правиш подобро место за живеење е неописливо и токму тоа те прави полезен и сакан од општеството. Без двоумење, станете дел од оваа програма и поминете го најубавиот период од вашиот волонтерски живот.
 
Anja Karali
Благодарам што ме номиниравте со задоволство ќе го споделам моето искуство. На почетокот не знаев за што се работи и немав некои очекувања, и мислам дека заради тоа си поминав најјинтересно! Нема да должам и да опишувам многу детали, сакам да оставам наредните младинци сами да го доживеат истото што и јас. Подобро нешто во животот не ми се случило и нема да се случи. Напливот на емоции кој го доживеав во текот на циклусот не можам да го опишам… Јас работев на проект со деца со посебни потреби, научивме многу работи и се соочивме со разни ситуации и сѐ вредеше! Ве мотивирам да се приклучите на оваа можност која ви се нуди еднаш, СЕГА! Не чекајте ни минута! Овој циклус менува животи.
И на оние на кои им се помага и на оние кои помагаат🥰
На крајот ќе сфатите колку сте важни, како поединци и како тимови, во општеството.
 
Riste Lekoski
Здраво, здраво 👋 најпрво, премногу ви благодарам што ме потсетивте на тие спомени кои содржат цела палета на емоции, од највесели до најтажни, и моменти на себезапознавање и запознавање со реалноста.
Искрено, врска немав за што се пријавив, само се упатив кон уште една програма на организацијата што ми ги смена животните перцепции и ставови. На крај, учеството во овој проект испадна отскочна даска за безброј други активности и јакнење на личниот карактер. Учествувајќи во нештово, секоја цел беше остварлива и секоја планина достижна.
Бевме преполни со енергија, позитива, љубов. Кршевме секакви бариери и ете со мојот тогашен партнер Jakov Jovanoski продолживме заедно да дејствуваме низ многу други организации и ден денеска си сме ветер во грб еден на друг.
Не би издвоил ниеден од илјадниците проекти кои се реализираа во цела Македонија, би кажал дека добивате можност да влијаете на проблемите во заедницата што ги заприметувате додека созревате , како што јас работев со децата со посебни потреби, со кои израснав на мојата улица.
Познанствата стекнати од тогаш траат се уште и незаборавните дружби се секогаш вредни за спомнување.
И денеска сум прегорд на изработените проекти кои ги реализиравме, и понатака, на проектите од групите на кои бев ментор.
 
 
 
 
 
< врати се назад