јуни 25, 2022
ЧУДО У ШАРАНУ
Со беспрекорен, високо професионален настап на актерите од театарот „Инат“ од Ужице, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија, беа спуштени завесите на седмото издание на Меѓународниот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид од 22-24 јуни 2022 г. се одржа во Охрид.
Преку претставата „ЧУДО У ШАРГАНУ“, талентираните актери од Ужице на сликовит начин го прикажаа постојаното страдање на обичните луѓе и незаинтересираноста и неможноста да се рабудат од истото.
Фестивалот го затвори Живко Поповски-Цветин, првиот претседател на Црвениот крст на самостојна Македонија, кој рецитираше стихови од Десанка Максимовиќ и Блаже Конески и како голем хуманист и уметник на сите актери и претставниците на Црвен крст Ужице и Црвен крст Охрид им подари од своите уметнички слики.
И оваа година Меѓународниот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ ги исполна очекувањата на организаторот Црвен крст Охрид, а ценејќи според големиот интерес, посетеноста и позитивните реакции и коментари на публиката, овој фестивал го најде и оправда своето место во охридскиот културен простор.
Кога на тоа ќе се додаде и можноста која волонтерите целосно ја иаскористија да креираат театарската игра и да ја афирмираат својата талентираност и сплотеност без јазични, или било какви други бариери, силните хумани пораки кои ги упатија преку театарските претстави, контактите и врските воспоставени со меѓусебното дружењето во овие три дена, со право „ВДИШИ ТЕАТАР“ претставува препознатлив производ и во земјата и во странство, со кој Црвен крст Охрид се гордее.
Изразуваме искрена благодарност до учесниците на фестивалот, до публиката, до волонтерите и вработените во Црвен крст Охрид, до медиумите, до сите институции, фирми и поединци кои го овозможија, поддржаа и помогнаа одржувањето на седмото издание на театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ 2022.