
декември 12, 2024
CHRISTMAS COOKIE CHALLENGE
На вчерашниот редовен состанок на Клубот на млади, по повод 5 декември – Светскиот ден на волонтерството, се организира забавниот Christmas Cookie Challenge!
Присутните имаа можност да се поделат во тимови и да се натпреваруваат кој ќе ги направи највкусните и најкреативните колачи. Покрај тоа што се забавувавме, ја почувствувавме вистинската магија на празниците и заедништвото.
Не заборавајте дека секој залак од овие празнични колачи беше направен со многу љубов и тимски дух!
Голема благодарност до сите кои се приклучија на нашиот состанок и го направија овој настан незаборавен.
#ЦКмлади#ЦрвенКрст#CookieChallenge




