јули 7, 2023
Четврти циклус од обуките за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост
Заврши и четвртиот циклус од обуките за негувател/ки на стари лица и лица со попреченост.
На крајот од овој четврти циклус доделени се сертификати на 7 лица кои во месеците мај и јуни ја следеа обуката за негувател/ка на стари лица и лица со попреченост и истата успешно ја завршија.
Лицата кои ја завршија обуката ќе имаат можност да бидат вклучени во Нега центар при Црвен крст Охрид, социјален сервис кој ја нуди социјалната услуга помош и нега во домот на на стари лица над 65 години, како и на лица со намален функционален капацитет и на лица со попреченост на територија на Општина Охрид.