август 26, 2026

БРЗА И УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА ЦЕНТАРОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ВОДА

На ден 26.08.2026 година, екипата обучена за потрага и спасување при Центарот за безбедност на вода – Црвен крст Охрид, по барање на семејството и Езерската полиција, веднаш излезе на терен.

Тимот се вклучи во интензивна потрага по лицето К.С. (55 години, од Охрид), кое претходно било пријавено за исчезнато и последно забележано во водите на Охридското Езеро.

По кратко време поминато на терен, од страна на проценител (исто така дел од тимот на Центарот), извршен е разговор со семејството и е сочинет соодветен записник за случајот. Нашите спасители на терен му пружија и Прва психолошка помош (ППП) на семејството кое се наоѓаше во состојба на паника и вознемиреност.

За среќа, по брзата и професионална реакција, лицето К.С. е пронајдено живо и здраво.

Како и секогаш, уште еднаш ја потврдивме нашата висока подготвеност за брз одговор во вонредни ситуации и покажавме дека сме сигурна поддршка на институциите во секој момент кога е потребна помош

https://www.facebook.com/profile.php?id=61586657623592

< врати се назад