септември 30, 2019

Бреинбреин на велосипеди

Промоција на здрави животни навики, прекрасно дружење, спортување, забава беше обележје на настанот на ден 28.09.2019 г,  во организација на Центарот за развивање на животни вештини при БОБ – Општинска организација Охрид, а организиран во рамки на светската кампања за зачувување на животната средина и климатските промени. Дел од децата кои ја следат Бреинобреин програмата, заедно со своите родители и тренерите на БОБ програмата, од настанот  испратија силна порака дека сакаат да живеат во  чиста, здрава и безбедна  животна средина.

< врати се назад