декември 31, 2022

БЛАГОДАРНИЦИ И ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОКТЕЛ

На 28 декември оваа година по повод новогодишните празници и крајот на 2022 Клубот на млади додели благодарници и признанија на волонтерите кои посебно придонесоа во неговиот развој.
 
На состанокот волонтерите се потсетија на сите успеси на Клубот на млади во изминатава година, и раководството на младите додели 70 благодарници и 15 признанија за специјален допринос на оние кои најмногу се истакнале со своето волонтирање.
 
Истата вечер во кафе барот Венус се одржа свечен предновогодишен коктел за волонтерите од Клубот на млади на кој се доделија и подароците од организираниот Secret Santa.
 
Им се заблагодаруваме на сите оние кои вложија во себе и во Клубот оваа година, и се надеваме дека ќе продолжиме да се гледаме и во следната 2023 година.
 
Среќни новогодишни и божиќни празници од тимот на Црвен крст Охрид.
 
< врати се назад