
септември 7, 2026
БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТА ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО!
Летната сезона беше исполнета со енергија, спортски дух и незаборавни авантури на вода!
Нашите тимови од Центарот за безбедност на вода неуморно работеа на терен за сите учесници и посетители да се чувствуваат целосно сигурни.
Ги обезбедувавме сите водени активности, настани и натпреварувања на Охридското Езеро — како во рамките на Ohrid Water Festival, така и надвор од него:
Пливачки маратони
Трки со СУП-даски
Кајак, веслачки и едриличарски регати
Акватлони, триатлони и уште многу други спортски предизвици!
Ви благодариме за довербата и одличната соработка! Заедно покажавме дека спортот и безбедноста одат рака под рака












