
март 23, 2026
БЕСПЛАТНО ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ ВО ЦРВЕН КРСТ ОХРИД
Црвен крст Охрид започна да нуди бесплатно психолошко советување.
Советувањето се одвива во просториите на Црвен крст Охрид, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување.
Заинтересираните граѓани можат да закажат термин за советување на телефонскиот број 070 729 615.
Советувањето го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник.
Црвен крст Охрид го организира бесплатното психолошко советување во соработка со Анима – Центар за личен развој, едукација и психотерапија.





