март 10, 2026

БЕСПЛАТНО ПСИХОЛОШКО СОВЕТУВАЊЕ ВО ЦРВЕН КРСТ ОХРИД

Почнувајќи од 13 март 2026 година (петок), Црвен крст Охрид ќе нуди бесплатно психолошко советување.

Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвен крст Охрид, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување.

Заинтересираните граѓани можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615.

Советувањето ќе го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник.

Гешталт терапијата е научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката филозофија. Основната цел на гешталт терапијата е поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент.

Црвен крст Охрид го организира бесплатното психолошко советување во соработка со Anima Centar.

< врати се назад