
Балканско првенство во триатлон
Охрид беше домаќин на Балканското првенство во триатлон, кое ги собра најдобрите натпреварувачи од регионот и уште еднаш го потврди статусот на нашиот град како центар на врвни спортски настани.
За безбедноста на учесниците и посетителите беа ангажирани волонтерите на Црвен крст Охрид, кои преку тимовите за прва помош и логистичка поддршка придонесоа за успешно и безбедно одвивање на натпреварите.
Нашите волонтери беа присутни долж целата патека, подготвени да интервенираат и да обезбедат сигурност за сите учесници.
Во рамки на настанот беше ангажирана и екипа од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид, која се грижеше за безбедноста на натпреварувачите за време на пливачкиот сегмент од трката.
Горди сме што бевме дел од уште еден значаен спортски настан и што дадовме свој придонес во неговата успешна реализација.
Посебни честитки до македонските натпреварувачи за одличните резултати, меѓу кои и балканската титула освоена од наш претставник.
Благодарност до сите наши волонтери за нивната посветеност, професионалност и несебична поддршка.












