
АПЕЛ ЗА ПОМОШ! ПОТРЕБНО Е ИТНО ДА СЕ СОБЕРАТ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА! Споделете и донирајте!
Охриѓани пред уште еден хуманитарен предизвик за помош на 23 годишниот Петар кој боледува oд ретка болест Tyrosine Hydroxylase deficit. Како последица од ненавремена дијагноза Петар има сколиоза за која беше опериран минатата година, а сега потребни се уште две операции во Истанбул во период од три месеци. Двете операции, со лекување, рехабилитација во траење од три месеци, сместување и транспорт ќе ги чинат околу 60.000 евра, кои неговата самохрана мајка не може да ги обезбеди сама.
Црвен крст Охрид се вклучи во хуманитарната акција за собирање на финансиски средства за нашата сограѓанин Петар и на повеќе локации во градот (маркети, кафулиња, хотели) веќе се поставени собирни кутии со знакот на Црвен крст во кои секој ќе може да донира финансиски средства според своите можности.
Може да се донира и на:
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА 270-7000821760.21 банка – HALKBANK – Гордана Попоска
IBAN: MK07270700082176215
SWIFT: EXPCMK22
и БРОЈ ЗА ДОНАЦИИ:
Телеком: 143 – 173
A1: 143 – 470
Да се мобилизираме во хуманоста и помогнеме да се спаси еден млад човечки живот.
ОД СРЦЕ ЗА ПЕТАР!
