февруари 6, 2024

АПЕЛ ЗА ПОМОШ

Почитувани сограѓани,
деновиве во Ресен се случи немил настан кој што буквално го крена целиот град на нозе и го потресе целото население. Настана пожар и изгоре семејната куќа на нашите сограѓани – фамилија Степановски. Во договор со семејството, упатуваме апел до целото население да се вклучат во оваа акција со цел финансиски да помогнеме во овие тешки моменти на нашите пријатели. Ве замолуваме да ја споделите оваа информација со вашите пријатели и да помогнеме на ова семејство повторно да го изгради својот дом и да го продолжи нормалниот тек на живеење.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад