
АПЕЛ ДО СИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ И ПЛИВАЧИ ВО ОХРИД!
Плажата е за уживање, но безбедноста е секогаш на прво место! За да помине летото во најдобар ред, ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ е да ги почитуваме правилата на плажите и да ги следите насоките на спасувачите на вода. ![]()
Дали знаете што значат спасителните знамиња? Научете ги и споделете ги со пријателите:
![]()
ЦРВЕНО-ЖОЛТО ЗНАМЕ – Обезбедена зона! Го означува просторот каде плажата е под надзор на спасител. Ако има само едно знаме, таму е спасителниот пункт.
ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ – Влезот е дозволен за сите! Ризикот е минимален, уживајте во водата.
ЖОЛТО ЗНАМЕ – Внимание (Среден ризик)! Поради бранови, ветер или струи, влез во вода НЕ се препорачува за неискусни пливачи и мали деца.
ЦРВЕНО ЗНАМЕ – СТРОГО ЗАБРАНЕТО ВЛЕГУВАЊЕ ВО ВОДА! Опасност по животот поради невреме, високи бранови, грмежи или загадување.
Почитувајте ги знаците и спасувачите – нивната проценка спасува животи!
Споделете го ова на вашето стори (Story) за да стигне до што повеќе луѓе кои моментално се во Охрид!





