
АНГАЖМАНИ НА ЕКИПИТЕ ЗА ПРВА ПОМОШ ПРИ ЦРВЕН КРСТ ОХРИД
Во текот на 2026 година, тимовите за прва помош при Црвен крст Охрид беа ангажирани на повеќе од спортски, културни, забавни, хуманитарни и други јавни настани во Охрид и околината, 150 обезбедувајќи медицинска поддршка и навремено укажување прва помош на учесници и посетители.
Медицинското обезбедување опфати бројни спортски настани и натпревари, меѓу кои Охрид Ултра Треил 2026, Охрид Опен – таеквондо, Балканското првенство во триатлон, Kупот во далечинско пливање во Љубаништа, Илинденскиот маратон, фудбалскиот турнир Balkan Promises, турнирите Next Level, одбојкарски, карате и боксерски турнири, како и различни училишни, синдикални и други спортски игри. Значајна е да се истакне медицинската поддршка на „Охрид трчат”, како и сите настани во рамки на Фестивалот на водени спортови.
Тимовите беа присутни и на значајни културни и фестивалски настани, меѓу кои Костоскиот фестивал, Балканскиот фестивал, фестивалот „Распеано рибарче“, „Охридско лето“, „Vino Fest Above the Lake“, „Креативност“, „Разиграно оро“, Староградските средби и други културни и забавни манифестации.
Особено значаен дел од ангажманите беа медицинските обезбедувања на концертите и музичките настани, на кои настапуваа Јелена Розга, Александра Пријовиќ, Александра Радовиќ, Џала и Буба, Реља, Нучи и Војаж, Аца Лукас, Јаков Јозиновиќ, Владимир Четкар и Сергеј Четковиќ, како и други музички изведувачи.
Во текот на обезбедувањата, тимовите укажуваа прва помош при различни повреди и акутни здравствени состојби, вклучително и посекотини, контузии, исчашувања, колапси, хипогликемии, панични напади, состојби поврзани со прекумерна употреба на алкохол, како и други состојби кои бараа навремена проценка и интервенција.
Кај лицата кај кои беше потребно дополнително медицинско иследување, опсервација или продолжување на третманот во здравствена установа, тимовите постапуваа согласно проценката на состојбата и организираа соодветен транспорт. Во рамките на активностите беа реализирани и транспорти на пациенти по потреба.
Со присуството на повеќе од 150 различни настани во текот на годината, тимовите за прва помош при Црвен крст Охрид обезбедуваа навремена и професионална прва помош, придонесувајќи за поголема безбедност на учесниците, посетителите и граѓаните на сите настани.







