јуни 22, 2024
Активности за заштита од топлотниот бран
Во овие жешки летни денови, продолжуваме со активности за превенција и заштита од топлотниот бран.
Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и денес беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи им делеа вода и им даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран.
Акцијата ја помогнаа маркетите „Тамаро“, уште еднаш истакнувајќи ја својата висока општествена одговорност.
Продолжуваме со активностите за грижа за здравјето на нашите сограѓани и во наредните денови, за времетраење на топлотниот бран.