јули 16, 2025

АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

По препорака од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија и во рамки на активностите за заштита од топлотниот бран, вчера, на плоштадот Крушевска Република Црвен крст Охрид организираше штанд за мерење на притисок како и информативен штанд за правилна заштита од топлотниот бран.

Со овие активности продолжуваме да придонесуваме кон подигање на свеста за правилна заштита во услови на високи температури и се грижиме за здравјето на секој поединец во нашата заедница.

  • Препорачуваме почитување и примена на препораките за заштита од топлиот бран.
  • За време на најтоплиот период од денот (од 10ч до 17ч):
  • избегнувајте напорни физички активности на сонце
  • постојано внесувајте течности
  • избегнувајте мрсна калорична храна
  • носете светла лесна облека и заштитни очила и капа

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад