јули 12, 2025

АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

Во рамки на активностите за заштита од топлотниот бран, Црвен крст Охрид на ден 14.07.2025 на плоштадот Крушевска Република со почеток од 10:00ч до 12:00ч организира штанд за бесплатно мерење на крвен притисок како и информативен штанд за правилна заштита од Топлотниот бран.

Високите температури имаат директно влијание врз здравјето – особено кај луѓето кои имаат проблеми со крвниот притисок. Во топлото време, телото се обидува да се олади преку проширување на крвните садови, што може да предизвика понижен или нестабилен крвен притисок, замор, вртоглавица, па дури и колапс.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад