јули 7, 2025

АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

Црвен крст Охрид продолжува да реализира активности посветени на едукација за заштита од топлотен бран. Во изминативе неколку дена, нашите волонтери беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи, им делеа вода и даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран.

Деновиве, во дистрибуцијата на едукативните материјали за заштита од топлотен бран се вклучија и нашите спасители на вода кои им делеа такви материјали на посетителите на охридските базени и плажи.

Продолжуваме и наредните денови со активности за превенција од топлотен бран.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад