јули 5, 2025

АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

Денеска, во рамки на активностите за превенција и заштита од топлотниот бран, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид беа присутни на неколку фреквентни локации низ градот, каде делeа флаери со корисни совети и шишиња вода за освежување на случајни минувачи👌.

Со овие активности продолжуваме да придонесуваме кон подигање на свеста за правилна заштита во услови на високи температури и се грижиме за здравјето на секој поединец во нашата заедница.

-Препорачуваме почитување и примена на препораките за заштита од топлиот бран❗

-За време на најтоплиот период од денот (од 10ч до 17ч):

-избегнувајте напорни физички активности на сонце

-постојано внесувајте течности

-избегнувајте мрсна калорична храна

-носете светла лесна облека и заштитни очила и капа

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад