јули 5, 2025

АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

Во овие жешки летни денови, продолжуваме со активности за превенција и заштита од топлотниот бран.

Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и деновиве беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи, им делеа вода и даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран.

Продолжуваме со активностите за грижа за здравјето на нашите сограѓани и во наредните денови, за времетраење на топлотниот бран.

Препорачуваме почитување и примена на препораките за заштита од топлиот бран

За време на најтоплиот период од денот (од 10ч до 17ч):

-избегнувајте напорни физички активности на сонце

-постојано внесувајте течности

-избегнувајте мрсна калорична храна

-носете светла лесна облека и заштитни очила и капа

< врати се назад