јули 25, 2025

АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН

Продолжуваме со активностите за заштита од топлотниот бран – спасителите на вода од Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид изминативе денови беа присутни на фреквентните плажи во Охрид, каде на граѓаните и туристите им делеа шишиња вода и информативни флаери со корисни совети за заштита од високите температури.

Преку овие активности продолжуваме да придонесуваме кон подигање на свеста за правилна заштита при екстремни временски услови и се грижиме за здравјето на секој поединец во нашата заедница.

Препорачуваме почитување и примена на советите за заштита од топлотниот бран:

За време на најтоплиот дел од денот (од 10:00 до 17:00 часот):

Избегнувајте напорни физички активности на отворено

Постојано внесувајте течности

Избегнувајте мрсна и тешка храна

Носете светла и лесна облека, заштитни очила и капа

#ЦрвенКрст#ЦКмлади#БезбедностНаВода

< врати се назад