
јули 23, 2025
АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТЕН БРАН
Волонтерите не запираат!
Во текот на овие екстремно топли денови, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид се активно присутни на фреквентни јавни места низ градот.
Доделуваме шишиња со вода
Споделуваме совети за лична заштита
Го чуваме здравјето на сограѓаните и туристите
Продолжуваме и во следните денови!
Целта е јасна – превенција, подигнување на свеста и заштита од последиците на топлотниот бран.
Препорачуваме да ги следите основните совети: Избегнувајте престој на сонце од 10 до 17 часот
Пијте многу течности
Хранете се лесно и избегнувајте мрсна храна
Облекувајте светла и лесна облека, носете капа и очила
Грижата за здравјето е грижа за сите нас!








