септември 11, 2026

АКТИВНОСТИ НА 12.09.2026 (САБОТА) – КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА И ДЕМОНСТРАЦИЈА НА ПРУЖАЊЕ ПРВА ПОМОШ

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – На 12 септември 2026 година, Црвен крст Охрид, во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Охрид, ќе спроведе крводарителска акција. Оваа акција ќе се одржи во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, од 10:00 до 14:00 часот. Црвен крст Охрид ги кани граѓаните да ја изразат својата хуманост дарувајќи крв за време на оваа акција.

ДЕМОНСТРАЦИЈА НА ПРУЖАЊЕ ПРВА ПОМОШ – По повод Светскиот ден на првата помош, што се одбележува на 12 септември, волонтери на Црвен крст Охрид обучени за укажување прва помош ќе им претстават на заинтересираните граѓани како се постапува во одредени итни ситуации (хипотермија, дехидратација, давење, трауматски повреди, исцрпеност и слично). Оваа активност ќе се одвива на 12.09.2026, на платото пред НУ Центар за култура „Григор Прличев“, од 11:00 до 12:00 часот. Годинава, Светскиот ден на првата помош е посветен на темата прва помош и миграции.

< врати се назад