Акција за спасување на планина
На 26.05.2019 година, во 20:25ч. Планинската Спасителна Служба при Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, преку СВР Охрид доби дојава дека, на територијата на НП Галичица, изгубени се две лица, странски државјани. Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармира волонтерите, стапи во контакт со изгубените и со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, ја одреди нивната локација, на 1,5км југоисточно од с.Пештани, по што започна акцијата за нивно безбедно извлекување. Поради тешко пристапниот терен и густата вегетација на тимот му беа потребни 2 часа и 30 минути за пристап до лицата и уште околу 2 часа за нивна безбедна евакуација. Акцијата заврши рано утрото на 27.05.2019г. 30 минути по полноќ.