мај 8, 2026

8 Мај – Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8-ми мај 1828 роден е големиот хуманист Анри Динан, основополжник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а седмицата од 8-15 мај како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина и под мотото „ХУМАНОСТА ОБЕДИНУВА“ организира бројни активности со цел подигање на свеста за значењео на основните принципи, мисијата и визијата на организацијата и воедно изразување на почит, признание и благодарност на волонтерите, партнерите и поддржувачите за нивната несебична поддршка.

5 мај 2026 (среда) 10:00-14:00 ч. Успешно рeализирана крводарителска акција во ФТУ

8 мај 2026 (петок) 11:00 ч. Отворен ИНФО ДЕН-прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид и Дебрца, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст

8 мај 2026 (петок) 12:00 ч. Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан (седиште на Црвен крст Охрид)

8 – 15 мај 2026 Поделба на хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства од Охрид и Дебрца

8 – 15 мај 2026 Хуманитарни активности на јавни места со истакнување и промоција на хуманоста, солидарноста и волонтерството во заедницата со акцент на младите волонтери во Црвен крст Охрид и нивниот придонес во заедницата.

8 – 15 мај 2026 Работилници за дисеминација-ширење на знаењата за Црвениот крст за различни целни групи

< врати се назад