мај 8, 2020
8 мај Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
По повод 8ми Мај- Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, претставници на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид положија свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан, основоположникот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Годинава, овој датум го одбележуваме во вонредни услови; целосно посветени на справувањето со последиците од пандемијата на КОВИД-19, нашите вработени и волонтери, од првите кризни мигови, секојдневно им пружаат помош и поддршка на ранливите групи граѓани, на оние кои се најтешко погодени.
Честит 8 Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина!