април 17, 2026

52 Општински натпревар по Прва помош

На 52-от, јубилеен општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа во Охрид учениците од основните и средните училишта од Охрид и Дебрца организирани во категории подмладок и младина се натпреваруваа во укажување прва помош. 13 екипи со преку 200 млади на 7 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош. Најуспешни, во категоријата подмладок беше екипата на ООУ ,,Григор Прличев” – Охрид, а во категоријата младина првото место и правото на учество на Регионалниот натпревар по прва помош, го освои екипата на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид – медицинска паралелка.

За регуларноста на натпреварот и оценувањето на екипите се грижеа 20 судии (лекари, медицински сестри, парамедици на Црвен крст Охрид), а за реалниот приказ на сценаријата и „повредите“ на пунктовите се погрижи тимот за реалистички приказ на повреди, составен од 4 шминкери и 14 актери. 13 водичи, волонтери на Црвен крст Охрид ги водеа екипите по предвидените траектории и пунктови за укажување прва помош.

Во овој циклус на подготвока на учениците, со активно учество на менторите од секое училиште и волонтерите-тренери и инструктори по прва помош на Црвен крст Охрид, со најновите знаења, техники и вештини за укажување на прва помош се здобија преку 200 млади.

Во едукативниот и забавниот дел од натпреварот младите ги покажаа своите знаења за хуманитарното движење на Црвениот крст.

Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите волонтери, ментори, инструктори, тренери, судии, до основните и средните училишта и до сите кои ја помогнаа реализацијата на 52-от Општински натпревар по прва помош

< врати се назад