декември 5, 2021

5-ти декември – Светски ден на волонтерството

Почитувани волонтери, честит светски ден на волонтерството!🥰
Ви оддаваме признание и благодарност за вашите амбиции, напори, стекнати и вложени вештини, за тоа што сте секогаш спремни безразлика дали треба да се подели храна, да се насмевне некое детенце или пак да се исчисти загадена околина.
Вашата посветеност е непобедлива, а вашата емпатија нема граници!
Секој ваш волонтерски час е важен и прави разлика!
Продолжете да сте поттик и инспирација за сите околу вас.
„Волонтерите се неплатени не затоа што се бесплатни, туку затоа што се бесценети.“
< врати се назад