јуни 5, 2018

5 јуни – Светски ден за заштита на животната средина

5 јуни – Светски ден за заштита на животната средина беше можност  младите и возрасните волонтери од Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид да направат заеднички активности насочени кон подигање на свеста за заштита на животната средина. Младите од Бреинобреин програмата на Општинска организација Охрид, ученици во ОУ Св.Климент Охридски во просториите на Црвен крст Охрид изведоа едукативна програма упатувајќи силна порака за почит и заштита на природата. Во тие рамки беше прикажан и едукативен спот изработен од волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид, предводени од Анамарија Момироска, а возрасните ги пренесоа своите искуства и подарија еколошки пораки на сите волонтери. Младите, заеднички со волонтерите од програмата за Грижа за стари лица на Општинска организација Охрид, го украсија просторот околу седиштето на Црвен крст Охрид со садење на цвеќиња, а на плочникот пишуваа и цртаа еколошки пораки и содржини.

< врати се назад