октомври 2, 2025

15 Години – Центар за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид

Hа денешен ден, 2.10.2010, пред 15 години во Црвен крст Охрид се одржа првиот час на Балканот и во Македонија, на интернационалната едукативна програма за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН.

Со гордост ја истакнуваме 15 годишната успешна работа на Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД, која се огледа пред се во постигнувањата на децата кои ја следат програмата и бројните освоени награди и признанија на државни меѓународни Бреинобреин натпревари, посветеноста и професионалноста на нашите тренери, како и поддршката од родителите.

Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ја укажале довербата на нашиот центар и БРЕИНОБРЕИН програмата и придонесле, за овие изминати 15 години, преку 600 деца да бидат дел од Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД и ја следат програмата, а повеќе од 80 деца да ја комплетираат целата БОБ програма, односно успешно да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и пеофикасно општествено живеење и делување.

Нашето 15 годишно искуство, резултатите од имплементација на Бреинобреин програмата и етаблираноста на нашиот центар во светски рамки, ни дава за право гордо да продолжиме да ги промовираме уникатните, проверени и ефикасни техники и вештини кои ги дава Бреинобреин програмата, имплементирани од високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени според меѓународните стандарди на оваа програма, кои преку техниките Абакус Ментална Аритметика (АМА) и Неуро Лингвистичко Програмирање (НЛП) помагаат децата на возраст од 4-14 години да достигнат развој и целосно искористување на мозочниот потенцијал и да бидат спсобни да ги користат двете хемисфери на мозокот, подеднакво и ефикасно.

Преку БРЕИНОБРЕИН програмата децата ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

На настанот по повод 15-годишниот јубилеј на Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, кој се одржа на 18 септември 2025 г., во х. Амбасадор, Охрид, бројните присутни родители, деца кои ја завршиле програмата, тренери и франшизери на програмата, преку видео проекција се потсетија на почетоците од работата на центарот и првите одржани часови на Бреинобреин програмата во Црвен крст Охрид, учеството и успесите на бројните национални и меѓународни Бреинобреин натпревари, како и работата и растежот на БОБ-Црвен крст Охрид до денес. На свеченоста беа доделени соодветни признанија на оснивачите на програмата Арул и Ананд Субраманиам од Индија, на првиот европски франшизер на оваа програма Клаудија Ехмер Воргиќ, на франшизерот за Бреинобреин Македонија Драгана Гвозденовиќ, како и на најзаслужните за воведување и имплементација на Бреинобреин програмата во Охрид и Македонија: Царева Алческа Рувинова, Сашо Точков и тренерите Марија Дамјаноска, Ајсел Доко, Гордана Алчева, Валентина Кузманоска, Христина Кузманоска, Билјана Николоска и Ангела Кузманоска.

🎶Прекрасната атмосфера ја надополна и збогатија музичките изведби од Давид (ученик кој ја заврши комплетната БОБ програма) и неговиот татко Мето-Флеш.

Центарот за развој на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД продолжува со своите активности и со новите групи на ученици кои деновие започнаа со следење на есенскиот циклус од БРЕИНОБРЕИН програмата.

< врати се назад