декември 5, 2023

5 декември – Светски ден на ВОЛОНТЕРСТВОТО

Стар и глобален феномен со фундаментална човечка вредност, луѓето да си помагаат меѓусебно.
Волонтерите се движечка сила на нашата организација и нејзиниот успех се должи токму на искрената посветеност на волонтерите на работата во организацијата, одвојувајќи дел од своето слободно време, дел од себе, од својата стручност, професионалност за помош на одредена ранлива категорија на луѓе.
Честитајќи го Светскиот дел на волонтерството на сите наши волонтери и сите оние кои инспирирани единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка, доброволно дале некоја услуга со цел намалување на ранливоста на населението, повикуваме секој да го пронајде волонтерот во себе, бидејќи волонтерството е НАДЕЖ за подобро утре!
Создаваме безбедни услови и креативни можности за секој да може да го почувствува задоволството и богатството на волонтирањето.
May be an image of one or more people and text
 
 
 
 
< врати се назад