
5 ДЕКЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО
Светскиот ден на волонтерството – ден посветен на сите оние кои несебично го вложуваат своето време, знаење и енергија за доброто на заедницата.
По тој повод, волонтерите на Клубот на млади при Црвен крст Охрид организираа свечен настан исполнет со радост и благодарност.
Гостите имаа можност да уживаат во настапот на нашиот бенд HUMANE – ХУМАН, составен од талентирани волонтери.
На сите активни волонтери им беа доделени благодарници, како знак на признание за нивната посветеност и хуманост.
Волонтерството е срцето на нашата мисија – инспирација и надеж за подобро утре.
Благодарение на вашата енергија и љубов, секој ден успеваме да направиме позитивна промена.
Ако и ти сакаш да бидеш дел од ова семејство, приклучи се кон нашата приказна на хуманост и заеднички успеси!
Биди промена што сакаш да ја видиш во светот.
Од срце ви благодариме, херои на секојдневието!
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#volunteerday#redcrossohrid#HumanityInAction#volunteersmakeadifference#proudtovolunteer





