декември 4, 2024

5 ДЕКЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО

Секоја година на 5 декември, традиционално се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО, оваа година под мотото „ВО ЗАШТИТА НА ХУМАНОСТА”.

Црвен крст Охрид се приклучува во одбележување на овој ден со низа активности за промоција на волонтерството и неговото значење за општеството.

Во рамките на одбележување на 5 декември – Светскиот ден на волонтерстово, Клубот на млади при Црвен крст Охрид на 05.12.2024 (четврток) ораганизира свечен настан за доделување благодарници на волонтерите за нивниот придонес и залагање со почеток од 19:00ч во Shilla – Coffee & Bar

05.12.2024 (четврток)

19 : 00ч

Shilla – Coffee & Bar

Со одбележување на овој ден, го истакнуваме значењето на волонтеризмот и неговото влијание на општеството. Ја пофалуваме работата на волонтерите кои се посветени на хуманоста да бидат инспирација за други да се вклучат во волонтерската работа .

May be an image of one or more people and text
< врати се назад