![](https://crvenkrst-ohrid.org.mk/wp-content/uploads/2022/11/2-5-1000x560.jpg)
ноември 27, 2022
27 ноември – Денот кога Црвениот крст на Република Северна Македонија станa полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина
На денешен ден, 27 ноември 1995 година, Црвениот крст на Република Северна Македонија станa полноправен член на Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како 169 членка на Меѓународното движење.
Која е нашата мисија?
Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.