септември 23, 2018
27-ми Државен натпревар по прва помош
На ден 21-22.09.2018 година по 27–ти пат Црвен крст на Република Македонија го организираше Државниот натпревар по прва помош, каде овој пат домаќин беше Општинска организација на Црвен крст Кичево.
На натпреварот учествуваа вкупно 28 младински екипи од општинските организации на Црвениот крст на РМ, а со своја екипа учествуваше и Општинска организација Охрид.