октомври 1, 2024

1ВИ ОКТОМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СТАРИТЕ ЛИЦА

Црвен крст Охрид и оваа година се вклучи во одбележувањето на 1 Октомври, Меѓународниот ден на старите лица, воспоставен од страна на Обединетите нации во 1990 година за да се охрабруваат земјите во светот да привлечат внимание и да ги оспорат негативните стереотипи и заблуди за постарите лица и стареењето и да им овозможат на постарите лица да го реалзираат својот потенцијал.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на старите лица, волонтерите од Програмата за грижа за стари лица „НАЈДИ ВРЕМЕ“, која се спроведува во рамки на Црвен крст Охрид ги посетија лицата сместени во Одделот за геријатрија при Општата болница во Охрид и корисниците на услуги од Здружението Добротољубие 2014.

#секадезасекого

< врати се назад