октомври 1, 2022

1ви Октомври – ДЕН НА СТАРИ ЛИЦА

Членовите на Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид го одбележа меѓународниот ден на старите лица.
 
Присутните своето време под топлото сонце го исполнаа со јога – смеа сесии и вежби за размрдување, дружејќи се меѓусебно и споделувајќи приказни!
 
Овие активности се од големо значање за лицата во трето доба пред се за унапредување на нивниот квалитет на живот, здравјето и психофизичката состојба како и промовирање на активно стареење и активен пристап на животот во старост.
 
Исто така, свое катче за освежување имаше и охридскиот тим на Орифлејм, тим Татјана – 421.
 Да се грижиме за насмевките на постарите!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад