18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе
Во рамки на активностите за одбележување на 18ти октомври – Европскиот ден на борба против трговија со луѓе волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охриднаправија неколку активности со што ја поткренаа свеста за еден од најголемите општествени проблеми.
Во нашиот клуб на млади имаме 5 обучени врснички едукатори: Анастасија Стојаноска, Радмила Герасимова, Теа Петковска, Василија Јовчески и Иџо Јосифоски. Тие најпрво спроведоа онлајн квиз со интересни загатки и прашања преку кои ги информираа граѓаните, а на него учествуваа над 200 следачи на инстаграм. Исто така беа оддржани две онлајн врснички едукации, од кои едната беше прилагодена за деца до 14 години а другата беше јавна едукација на која воглавно учествуваа средношколци и студенти. Беа едуцирани околу 40 учесници, а во иднина ќе се оддржуваат и врснички едукации во средните училишта.