17ти март,Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на Македонија
По повод 17ти март,Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст на Македонија, во просториите на Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид на 15ти март се одржа свеченост, на која беа доделени признанија на најзаслужните крводарители. На свеченоста присуствуваа и претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска и секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски.
Претседателот на Црвениот крст Охрид, Сашо Точков, истакна дека крводарителството во Македонија е во подем. Самиот факт што во 2018 година беа планирани да се соберат 55 илјади крвни едници, а беа собрани 56 илјади крвни единици покажува за големата хуманост на нашите сограѓани.
Признанија, плакети и благодарници им беа доделени на повеќекратни крводарители, поединци, фирми и институции кои придонеле за развој и унапредување на крводарителството во Охрид и Дебрца,а плакета за 50 пати дарувана крв доби охриѓанецот Борче Матески кој им порача на младите активно да се вклучат во хуманото семејство на крводарители, посочувајќи дека чувството е навистина големо и хумано и дека со дарување на скапоцената течност помагаме во спасување на човечки животи.