февруари 26, 2026

16-ти Интернационален Онлајн Бреинобреин

На 16-от Интернационален Онлајн Бреинобреин-абакус натпревар, кој се одржа на 24 јануари 2026 година, од Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин при Црвен крст Охрид, учествуваа 20 ученици.

Денеска нашите Бреинобреин генијалци ги примија заслужените награди: во конкуренција од 23.912 учесници од 79 земји, тие освоија:

-3 трофеи,

-9 златни и

-8 сребрени медали.

Овој успех уште еднаш потврдува дека нашите млади генијалци се меѓу најдобрите во светот, а резултатите се плод на нивната посветеност и труд, професионалната работа на тренерите и поддршката од родителите.

Успехот е доказ дека Бреинобреин програмата се спроведува на вистинскиот начин, со фокус на подобрување на развојните резултати кај децата и создавање амбиент кој поттикнува мотивација, позитивен пристап кон учењето и развивање на вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност.

< врати се назад